Почина Тахир Хани поранешен функционер на ДУИ. Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил.
Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, стои во информацијата.
Сочуство до семејството упати и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.
Погребот е најавен за денеска на гробиштата во струшкото село Велешта.
Хани извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер… Роден е на 15 декември 1961 година во Струга.
OhridNews
фото. ДУИ