Поранешниот фудбалер на Арсенал, Кевин Кембел, почина на 54-годишна возраст по кратко боледување, објави денеска лондонскиот клуб на својата официјална веб-страница.
Потресени сме од сознанието дека нашиот поранешен напаѓач Кевин Кембел почина по кратко боледување. Кевин беше сакан од сите во клубот. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството во овој тежок момент. Почивај во мир Кевин“, соопшти објави Арсенал.
Во својата 20-годишна фудбалска кариера Кембел настапуваше за Арсенал, Нотингем Форест и Евертон, м постигнувајќи 148 голови на 542 натпревари.
Со Арсенал ги освои англиското првенство (1990-91), ФА Купот и Лига купот (1992-93), како и Купот на европските победници. (1993-94).
OhridNews
Фото: МИА/Фејсбук