Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе денеска им подлегна на повредите откако беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Поранешен припадник на јапонската морнарица Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен. Абе не покажувал знаци на живот кога беше префрлен во болница.

Абе беше јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Кишида.

OhridNews