Во 53 година од животот почина поранешниоит НБА играч Клиф Робинсон.

Робинсон во НБА мина 18 сезони, од кои најмногу (8) во екипата на Портланд блејзерс, која го избра на драфтот во 1989 година во втората рунда. Со Блејзерс тој играше во две големи финалиња (1990/1994), кои Портланд ги загуби од Детроит, односно Чикаго. Во 1993 година Робинсон беше избран за најдобар 6 играч во лигата, а во 1994 година настапи на All star. Играше и за Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њуџерси. Познат беше и по прекарот “Uncle Cliffy”, бренд со кој по завршување на кариерата се залагаше за легализација на марихуаната.

Засега не е објавена причината за смртта на Клиф Робинсон. Во 2017 тој преживеа мозочен удар, а една година подоцна му беше дијагностициран тумор на вилицата.

Г.М.