Британскиот пејач од грчко потекло Џорџ Мајкл почина во неделата вечерта на 53-годишна возраст објави агенцијата Press Association повикувајќи се на неговиот агент, пренесува „Макфакс“.
„Џорџ Мајкл почина во својот дом“, изјавил агентот, без да ја наведе причината за смртта на популарниот музичар.
Засега останува непозната причината за смртта. Од лондонската полиција само одговориле дека нема „сомнителни околности“.
„Со голема тага можеме да потврдиме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл мирно замина во својот дом во периодот на Божик. Семејството замолува да се почитува приватноста во овој емотивен и тежок период. Засега нема да следат повеќе коментари“, се вели во писмената изјава на агентот на пејачот за BBC.
OhridNews
извор: „Макфакс“