Како последица од вирусот Ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбаровски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар.
Писателот Разме Кумбароски (29. 03. 1944 – 11. 11. 2021) ја изгуби битката со злочудната пандемија. Се бореше храбро и истрајно, со исконска љубов кон животот овде, со љубов карактерстична само за добра душа како неговата. Во неговиот поетски речник, короната ја објасни како „армија на војници, кои пукаат и ме убиваат од внатре, ама јас се борам и живеам“, напиша денеска на социјалните мрежи неговата ќерка Бистра Кумбароска.
Кумбароски е роден на 29 март 1944 година во Струга. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во 1980 година магистрирал на Факултетот за политички науки во Загреб. Заедно со Д. Дурацовски е основач на мултимедијалното списание за литература и уметност „Форма“. Најголемиот дел од својот професионален живот го поминува како генерален секретар на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. По пензионирањето, ја иницира и оформи Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ која освен публикување, се јавува и како една од ретките организации во државата кои се домаќини на Фестивалот на есејот. Беше член на ДПМ од 1987 година. Автор е на 60 книги поезија, есеи и романи, а неговото творештво е преведувано на 12 светски јазици. Во своето слободно време, уживаше во мелодиите на Боб Дилан, Питер Грин и во опкружувањето на своето семејство. Милуваше да каже „Љуаерите ет инвениетис“ – нека трагањата го пронајдат саканото.
Погребот ќе се оддржи во сабота (13ти Ноември) во Струга, во кругот на најблиското семејство.
OhridNews