Фронтменот на легендариот пулски панк бенд КУД „Идијоти“, Бранко Чрнац Туста почина синоќа, после долга и тешка болест, јави Радио Слободна Европа, пренесува „МИА“.
На Туста пред повеќе од една година му беше дијагностициран рак на грлото и градите. Иако неговата состојба во еден момент била подобра, пред неколку месеци нагло се влошила и пејачот го изгуби гласот.
КУД „Идијоти“ на панк сцената на поранешна Југославија дојдоа на почетокот на 80-тите години минатиот век, но првиот албум „Боливија Р’н’Р“, го објавија дури во 1987 година. Истата година стануваат познати на широката публика откако се прогласени за најдобар бенд на Младинскиот фестивал во Суботица.
Со песните на српскохрватки и понекогаш на италијански јазик го критикуваа општествениот поредок каде моќните профитираат над работниците, но на концертите кои ги држеа ширум поранешните југословенски земји, пееа и за животот во Пула -маргиналци кои биле дел на секојдневието на тој град.
Во текот на војната меѓу Хрватска и Србија, „Идијоти“ беа критичари на националистичката идеологија која ја водее политичарите, како во Белград, така и во Загреб.