По кусо и тешко боледување на 70 годишна возраст почина македонската пејачка на забавна музика Љупка Димитровска, јавува „Телма“. Димитровска се прослави на просторите на поранешна Југославија како и во земји низ Европа.
Својата најголема популарност ја стекна во 70-те и 80-те години на минатиот век. Автор на нејзините најголеми хитови беше нејзиниот веќе покоен сопруг хрватскиот композитор, диригент и продуцент Никица Калоџера.
До крајот на својот живот Љупка Димитровска живееше во Загреб, каде беше исто така познат изведувач на хрватски јазик. Погребот на Љупка Димитровска ќе биде извршен во кругот на најтесното семејство.
OhridNews