Папата Франциск почина утринава во 7:35 часот на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. Тој беше 226 врховен поглавар на Римокатоличката црква и суверен на државата Ватикан. Починал во Куќата на Света Марта.
Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква, објави Ватикан.
Вчера, на Велигден, папата Франциск неочекувано се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан и на илјадниците верници кратко им го честиташе празникот. Претходно поради болест тој пропушти поголем дел од ритуалите на Светата недела, вклучително и Велигденското бдение.
Папата Франциск беше исклучително активен на чело на Ватикан, уживаше голем углед во светот и почит меѓу верниците. Франциск е првиот језуит на чело на Римокатоличката и првиот понтиф од Америка. Беше голем поборник за мир, реформатор и борец за социјалната правда и еколошката заштита, а магазинот „Time“ во 2013 година го прогласи за личност на годината. Во 2019 година тој ја посети Македонија.
РС Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот. Преку елегантните сведоштва на Византиското и Отоманското минато, возвишени ѕидини и величествени иконостаси во древните цркви, кои говорат за христијанското присуство што датира од апостолски времиња, С.Македонија ја одразува длабочината и богатството на својата илјадагодишна култура. – истакна тогаш папата Франциск.
Г.М.