Американскиот комичар и продуцент Робин Вилијамс починал, како што се претпоставува, извршувајќи самоубиство, пренесе ноќта кон вторникот Reuters повикувајќи се на полицијата.

Според соопштението на полицијата објавено на интернет страницата на магазинот The Hollywood Reporter, Вилијамс бил најден во неговиот дом во калифорнискиот град Тибурн, во округот Марин, во 11.55 часот по локално време. Во изјавата на форензичарите се наведува дека на телото на актерот „има присуство на знаци на асфиксија“.

Се претпоставува дека 64-годишниот актер се задушил. Полицијата објави дека започнала истрага. Официјалното соопштение ќе биде објавено по извештајот на судската медицина најавен за подоцна во вторникот.

Според портпаролката на ѕвездата, Мари Баксбаум, Вилијамс во последниот период страдал од тешка депресија. „Ова е ненадоместлива и трагична загуба за сите нас. Семејството побара да не бидат вознемирувани неговите блиски во овие тажни мигови“, истакна портпаролката.

Беше познато и дека во последно време актерот и продуцент страдаше и од зависност од алкохол.

Робин Вилијамс, добитник на Оскар во 1998 година за најдобра споредна улога во „Добриот Вил Хантинг“ и петкратен лауреат на Златниот глобус, важеше за „највеселиот човек на светот меѓу живите“, според списанието Entertainment Weekly. Се стекна со светската слава со ролји во филмовите како „Август Раш“, „Двовековниот човек“, „Каде носат мечтите“, „Исцелителот Адамс“ , кој сними десетици успешни комедии како „Џуманџи“, „Ноќ во музејот“ и „Добро утро, Виетнам“ и др. Вилјамс играше во речиси 300 филмови.

Последните планови на Вилијамс беа поврзани со снимањето на продолжението на една од најуспешните негови комедии во кои се јавува и како актер „Мисис Даутфаер“.

 

OhridNews

извор:Макфакс