Во 67-та година од животот, како последица од вирусот ковид -19, вчера, почина познатиот физиотерапевт Јонче Петан.

Чичко Јонче, како што го нарекуваа спортистите со кои соработуваше, ќе остане запеметен по својата голема љубов и пасија кон спортот во Охрид и Македонија. Неговите „магични“ раце правеа чуда на спортските терени. Во неговиот препознатлив салон, пак, се водеа долги и неисцрпни дебати за спортот.

Почина познатиот физиотерапевт и вљубеник во спортот Јонче Петан

Јонче Петан беше дел од речиси сите национални репрезентации, почнувајќи од машката и женската кошаркарска селекција, фудбалската кога и да дојдеше во Охрид, а имаше улога и во ракометната селекција на Македонија.

Петан зад себе остави сопруга и два сина (Никола и Стефчо), кои го презедоа занаетот и имаат задача да го негуваат.

Јонче Петан ќе биде погребан утре во 12.30 часот на Градските гробишта во Охрид, во согласност со ковид протоколите.

OhridNews