Во 71-та година од животот во Сплит, Хрватска, почина познатиот пејач Оливер Драгојевиќ.

Тој почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови. Веста за смртта на Оливер ја објави семејството на пејачот,  пренесува порталот “index.hr”.

Зад себе ги остави сопругата Весна и синот Дино и близнаците Давор и Дамир.

Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите пејачи на просторите на поранешна Југославија. Неговите концерти секогаш беа исполнети, а песните ои ги создаде во текот на долгата и успешна кариера исклучително популарни и ден денес.

Секогаш ведар и насмеан, добриот далматинец со наочари ги освои срцата на милиони. Зад себе остави големо музичко богатство и хитови кои уште долго ќе се пеат и паметат како „Магдалена“, Галеб и ја“, „Цесарица“, “„Без тебе“, „Брод у боци“ и многу други.

OhridNews