По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски, почина на 47 годишна возраст, објави телевизијата Канал 5.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
OhridNews
Извор: Извор: Канал 5