На 82 годишна возраст, почина легендарниот астронаут Нил Армстронг, првиот човек кој зачекори на Mесечината.

Како причина за неговата смрт се наведуваат компликациите од операцијата на срце, која била изведена пред три недели, пренесуваат од NBC.
Армстронг е роден на 5ти Август 1930 година во Охајо, а на 20ти јули 1969 пола милијарда луѓе гледаа како командантот на Apollo 11 за прв пат во човековата историја зачекори на Месечината, а неговите први зборови беа “Ова е мал чекор за еден човек, но голем скок за човештвото”.