Поранешната прва дама на САД, Ненси Реган почина денеска во својот дом во Бел Ер, Лос Анџелес, на 94-годишна возраст, јавува „Телма“.
Нејзиниот 52 годишен брак со Ронал Реган беше опишуван како најголемата љубовна приказна во историјата на Белата Куќа а од 1981-та до 89-тата година, Ненси Реган беше една од највлијателните први дами во американската историја.
Во 40-тите и 50-тите години, таа играла во повеќе холивудски филмови, а со далеку поуспешниот актер Роналд Реган стапува во брак 1952-та година.
Така најпрвин беше прва дама на Калифорнија од 1967-та до 75-тата година, додека Реган ја вршел функцијата гувернер на оваа сојузна држава, пред да заминат во Белата Куќа, по неговата убедлива победа над претседателот Џими Картер, 1980-тата година.
OhridNews
извор:„Телма“