По долго боледување во својот дом во Јоханесбург на 95 годишна возраст почина Нелсон Мандела, поранешен претседател на Јужна Африка – ЈАР.

Оваа вест во своето обраќање до нацијата пред малку ја соопшти претседателот на ЈАР, Јакоб Зума.

Целиот свој живот Мaндела го посвети на борбата против апартхејдот, а скоро три децении го помина во затвор.  Во 1993-та година ја доби Нобеловата награда за мир, а од 1994 до 1999 ја вршеше должност претседател на Јужна ефрика.

OhridNews