Почина највозрасниот човек на светот, Грузијката Антиса Хвичава, јавуваат грузиските медиуми, пренесува „Макфакс“.
Истите извори наведуваат дека таа починала на 132 годишна возраст и живеела во селото Сачино, во Цаленџиската област.
Според личните документи, Антиса Хвичава била родена на 8 јули 1880 година. 
OhridNews
извор:„Макфакс“