Французинката починала во болница на островот Свети Бартоломеј на француските Антили, каде што живеела триесетина години.
Родена е на 16. февруари 1896, Ежени Бланшар го напуштила родниот остров за да стане чесна сестра. На родниот остров се вратила во 1956 година, на 61 година и таму живеела во својот дом до 1980 година, кога навршила 84 години. Остатокот од животот го минала во старски дом
Бланшар на 4. мај годинава стана најстара личност на светот, неколку дена по смртта на Јапонката Каме Шинен, која почина неколку дена пред 115-от роденден.
извор:„Макфакс“