Најстарата жена на светот, јапонката од островот Окинава, починала една седмица пред нејзиниот 115-ти роденден. Кама Цинен, која беше сведок на три века, умрела во неделата, соопштила претставничка на домот за стари лица во Нанд, каде старицата ги помина последните години од нејзиниот живот.
Според податоците на Геронтолошката истражувачка организација, Кама Цинен била родена на десетти мај 1895-та година. Пред неа најстара жена на светот била Гертруда Бејнс, која почина во септември во една болница во Лос Анџелес. Сега најстара жена е Езени Бланшар од Франција, која е родена 16 февруари 1896.