Сопругата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, Нада Глигорова, почина денеска во 89та година од животот.

Глигорова починала во својот дом од природна смрт.

Погребот ќе биде извршен утре на гробиштата Бутел без присуство на јавноста. Нада беше во брак со  Киро Глигоров 67 години од кој имаат три деца.

Ohridnews