Во 102 година од животот, ноќеска, во својот дом во Охрид, опкружен од семејството тивко почина Ибрахим Реџеп.

Почина најстариот Охриѓанец Ибрахим Реџеп 1918 – 2020

Ибрахим Реџеп е роден на 15.03.1918 година во Охрид. Потекнува од старо турско семејство кое во тие времиња биле духовни лица – Оџи. Неговиот татко бил мудерист (учител) во тогашната медреса (исламско училиште). И Ибрахим Реџеп беше образован човек. Впрочем, тој еден од основачите на Основното училиште „Братство и Единство“ во Охрид, каде долги години беше учител и наставник. Поради недостиг на наставен кадар тогаш, тој учителствува извесен период и во Ресен.

Ибрахим Реџеп беше семеен човек, има две ќерки и внука. Беше витален и самостоен до самиот крај од неговиот долг живот. Физички активен и секогаш внимавал што јаде, ништо освен здрава храна, велат најблиските на чичко Ибрахим за „тајната“ на долговечноста на најстариот Охриѓанец, кој по 102 години земскиот го замени со вечниот живот.

Г.М.