21 годишниот Никола Саздовски кој беше претепан на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда на 29 јуни, им подлегнал на повредите на Клиниката за реанимација.

Тој бил примен на КАРИЛ во тешка здравствена состојба, а по десетдневна борба лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

За нападот врз Никола, член на навивачката група Комити, се сомничат три лица. Две се приведени и им е изречена мерка притвор, додека по третото се’ уште се трага, информира МВР која упати апел до медиумите да не шират нетрпеливост.

OhridNews