Животот на напаѓачот на францускиот второлигаш Гингамп, Натаел Жулан трагично заврши, откако почина од повредите добиени во сообраќајна несреќа. Жулан враќајќи се од тренинг се судрил со автомобилот и починал, a дополнителни информации како се случила несреќата не се достапни.

Жалната вест ја соопшти екипата на Валенсиен, каде 23-годишниот фудбалер настапувал како позајмен фудбалер од Гингамп.

  • Клубот е во болка по вестите дека ова попладне загина нашиот фудбалер Натаел Жулан. Во овој трагичен ден, ние можеме само да пратиме пораки на сочувство до семејството на Натаел. – објавија од клубот.

На Жулан кој ја почна кариерата Ле Авр му се предвидуваше блескава кариера, но неговиот живот згасна после сообраќајната несреќа со фатален крај.

OhridNews