Денеска во 76 година од животот по кусо боледување почина Мирјана Мијалкова, поранешен новинар и одговорен уредник во Центарот за печат и радио Охрид.

Мирјана Мијалкова роден Стевчева животниот пат го почнува во Куманово а од раното детство живее во Охрид.

Завршила славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил Методиј“ во Скопје.

Од 1986 до 2003 работеше како новинар , а потоа до 2006 година беше одговорен уредник во Радио Охрид.

Претходно во Штип го уредувала весникот на ЗИК „Црвена Ѕвезда“ а била соработник и на Радио Штип.

Посмртните останки на колешката Мирјана Мијалкова утре од 12.00 до 12.30 часот ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид каде ќе биде и погребана.

OhridNews