По кратко боледување од тешката болест синоќа во Пула почина легнадарниот боксер Мате Парлов.
Парлов е роден на 16 декември 1948, во Имотски. “Левичарот“ Парлов имаше незапаметена кариера.
Беше олимписки првак во 1972 г. во Минхен, 1974 г. стана светски амтерски првак во Хавана.
Два пати беше европски амтерски првак во 1971 во Мадрид и 1973 во Белград.
Професионален континетален првак стана во 1976, а две години подоцна 1978 и планетарен професионален првак во полутешка категорија.
Осум пати беше првак во поранешна Југославија.