Германскиот бундеслигаш Келн, остана без официјалната маскота, јарецот Хенес Вил, кој почина вчера на 14-годишна возраст.
Јарецот Хенес Вил беше редовен на домашните мечеви кои Келн ги играше во Бундес лигата од 2008 до 2019 година. Јарецот дел од 2020 година ја прескокна поради нарушеното здравје, но и мерките и протоколите во време на пандемија на коронавирусот.
Хенес Вил на многу начини беше наш почесен член. Беше наша маскота од 2008 година. Тој беше одбран од страна навивачите во голема анкета која ја спроведе клубот, – стои во клупското соопштение.
Јарецот е дел од голема традиција на Келн, која датира од 1950 година, кога локален циркус му подарил две јариња на клубот во знак на благодарност за помошта и за среќа.
OhridNews