Поранешниот селектор на македонската машка и женска репрезентација, Марјан „Маки“ Лазовски почина на 58-годишна возраст, како последица од коронавирусот.

Марјан Лазовски покрај аут линијата на кормилото од македонската машка репрезентација.

Изминатиов период, па се до неговата смрт, тој го поминал на клиниката во Скопје каде докторите и покрај големите напории не успеале да се изборат за неговиот живот.

Лазовски имаше бројни ангажмани во кариерата, а, на охридската јавност секогаш и остана во добро сеќавање поради титулата со АМАК СП во Купот на Македонија. АМАК СП триумфираше во Купот на Македонија во 2009 година, совладувајќи го битолски Пелистер во финалето, кое се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“.

Популарниот „Маки“ во кариерата покрај АМАК СП, машката и женската репрезентација ги предводеше МЗТ Скопје, Пелистер, Торус и Работнички.

OhridNews