Актерот Лук Пери, кој е најпознат по улогата на Дилан во популарната серија од 90-тите, „Беверли Хилс“, почина на 52-годишна возраст од мозочен удар.
ТМЗ објави дека Лук Пери умрел утринава во болница во Калифорнија. Тој минатата недела беше хоспитализиран поради мозочен удар.
Неговиот агент ја потврдил тажната вест и рекол дека Лук бил опкружен со семејството кога починал.
Актерот Лук Пери (52) почина денеска од мозочен удар. Со него беа неговите деца Џек и Софи, неговата свршеница Венди Медисон Бауер, неговата поранешна сопруга Мини Шарп, неговата мајка Ен Менет, неговиот очув Стив Бенет, брат му Том Пери, сестра му Ејми Кодер и други блиски членови на семејството и пријатели. Семејството ја цени поддршката и молитвите за Лук од целиот свет и со почит бара приватност во ова време на големо жалење. Во овој момент нема да бидат објавени дополнителни детали. – стои во соопштението на неговиот агент.
Лук Пери беше хоспитализиран еден ден по потврдата дека ќе се снима продолжение на „Беверли Хилс“ со старата актерска екипа.
OhridNews