Легендата на белградска „Црвена Звезда“ и нејзнина втора историска ѕвезда, Драгослав Шекуларац, почина во 81 година од животот. Тој беше еден од најдобрите фудбалери во поранешна Југославија и светот воопшто, вистински мајстор со топката, магионичар на теренот кому публиката му се поклонуваше каде и да настапува.

Шекуларац дебитираше во црвено-белиот дрес на „Звезда“ на 16 години, а една година подоцна и за репрезентацијата на поранешна Југославија. За „Црвена Звезда“ играше од 1955 до 1969 година во 460 натпревари во кои постигна 159 гола, освои седум титули и пет купа.

Шекуларац се смета за еден од творците на златната генерација на „Црвена Звезда“ на крајот од 80-те години, која подоцна под водство на Љупко Петровиќ ги покори Европа и светот.

OhridNews