Легендарниот американски тв водител, забавувач и продуцент Дик Кларк починал во средата од срцев удар на 82 години, соопштило неговото семејство. Кларк водел многу познати шоу програми, а неговата продуцентска куќа е една од најсилните и највлијателните во американската забавна индустрија.

Кларк починал од инфаркт откако во вторникот бил примен во болницата Сент Џон во Санта Моника. Меѓу оние кои се огласиле по повод неговата смрт е и американскиот претседател Барак Обама, кој изјавил дека остварувањата на Дик Кларк засекогаш ја обележале и измениле телевизиската сцена во САД.