Еден од најдобрите поп вокали на сите времиња, контроверзната американска пејачка Витни Хјустон, почина во 48-та година од животот.

Смртта ја потврди нејзиниот менаџер, а CNN објави дека Витни починала во 3.55 часот по локално време во хотелот „ Хилтон“ во Беверли Хилс. Причините за нејзината смртт засега не се соопшуваат.

Витни Хјустон почна да ги освојува срцата на фановите со нејзиниот прв албум „”Whitney Houston,” во 1985,година, следеа албумите„Whitney“ 1987, “I’m Your Baby Tonight,” 1990 и”The Bodyguard” -саундрак албумот од истоимениот филм со Кевин Костнер во главната улога, во кој беше незаборавната „I will always love you“.

Музиката и беше во крвта на Витни. Нејзината мајка е позната госпеј пејачка,  Dionne Warwick и е роднина, а кума неповторливата Aretha Franklin. Кариерарта ја започнува како 11-годишно девојче, а покрај музиката ќе се испроба и во манекенството и филмот. Во 1992 година се мажи за проблематичното RNB момче Боби Браун, од кога започнуваат нејзините проблеми со дрогата, поради што ја уништи кариерата. Во 2010 година направи неуспешен обид за враќање, но најавената светска турнеа беше откажана, а фановите обештетени.


Според Гинисовата книга на рекорди, кралицата на попот, Витни Хјустон,  е најнаградувана пејачка ѕзезда на сите времиња. Помеѓу 400 музички награди кои ги освои во нејзината успешна кариера, се и две „Emmy“, 6 „Grammy“, 30 билборд и 22 американски дискографски награди. Витни Хјустон е една од најпродаваните пејачки на сите времиња.

Г.М.