Почина легендарниот музичар Принс, јавуваат светските медиуми. Како што пренесуваат медиумите Принс бил пронајден мртов во своето студио во Минесота. Локалните власти соопштија дека се утврдуваат причините за смртта.
Музичарот, чие што вистинско име е Роџерс Нелсон, достигна светска слава на почетокот на 80-те години на минатиот век, а хитот „Purple Rain“ често е опишуван како еден од највртените на сите времиња.
Принс имаше 57 години, роден е на 7-ми јуни 1958 година. Како текстописец и музичар има издадено неколку стотици песни. Има освоено седум Греми награди, еден Златен глобус и еден Оскар.
Тој е вклучен во Рокенрол куќата на славните во 2004 година, а списанието „Rolling Stone“ го стави на 27-мо место на листата “100 најголемите уметници на сите времиња”.
Принс има продадено повеќе од 100 милиони плочи и дискови во целиот свет.
OhridNews