Глимецот Ричард Хач, најпознат како капетан Аполо од оригиналната серија “Battlestar Galactica”, починал вчера во 71 година во животот после тешка битка со ракот на панкреас. Веста за смртта на актерот ја потврди неговиот портпарол, а неговиот менаџер Мајкл Калиски откри дека неговиот син бил со него до смртта, пренесува “CBS”.
Освен улогата на Аполо која во 1979 година му донесе номинација за Златен глобус, Ричард Хач глумеше и во сериите „Спасувачка служба“, „Династија“ и „Санта Барбара“.
OhridNews