Хрватската музичка легенда, Крунослав Кичо Слабинац, пејач, гитарист, композитор и аранжер, почина денеска на 76-годишна возраст.

Слабинац од крајот на јули се лекуваше во клиничката болница „Ребро“ во Загреб. Тој имал операција на срцето, при што му биле вградени три стента поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило сите крвни садови. Оттогаш бил на интензивна нега и на апарати за дишење.

Состојбата деновиве дополнително му се влошила поради пневмонија и инфекции.

Кичо Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и поранешна Југославија, а песните „Поклони ми један дан“, „Због једне дивне црне жене“, „Три слатке ријечи“ – се некои од неговите најголеми хитови. Во младоста се занимавал и со глума. Со евергринот „Плавуша“ од 1971 година, на натпреварот за Песна на Евровизија го освои 14-то место.

OhridNews
Фото: „HRT“