На 86-годишна возраст почина Крсте Чакар, еден од основачите на Струшкиот ракометен турнир и поранешен ракометар на Струга и Работнички, професор по македонски јазик и литература во средното стручно училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Чакар бил и тренер на ракометниот клуб „Стружанка“, постигнувајќи го најголемиот клупски успех на тим од Струга, со пласман во полуфиналето на женскиот Куп во Југославија.

Одликуван бил со многу златни медали и плакети за придонес во спортот. Автор е на книгата посветена на 75 – годишнината од постоењето на фудбалскиот клуб „Караорман“.

OhridNews