Американскиот крал на попот Мајкл Џексон почина од срцев удар во Лос Анџелес на 50 годишна возраст. По ударот тој бил пренесен во болница во состојба на длабока кома. Лекарите еден час се обидувале да го реанимираат по што била констатирана неговата смрт. Како што пренесуваат американските медиуми Џексон во моментот кога пристигнала брзата помош во домот на Бел Ер веќе недавал знаци на живот.
Мајкл Џексон е роден во Индијана 1958 година. Својата музичка кариера ја започнал во групата “Џексон 5“. По осум години минати во групата тој се одлучува за соло кариера. Популарниот Мајкл (“Џеко“ ) со право го носеше насловот крал на попот бидејќи неговиот албум “Трилер“ од 1982 година е најпродаваниот поп албум на сите времиња.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com