Една од најпознатите светски писателки на љубовни романи почина од рак на дојката во 77-годишна возраст, соопшти семејството на Џеки Колинс. Романите на Џеки, инаку сестра на актерката Џоан Колинс, се продадени досега во тираж во повеќе од 500 милиони примероци во над 40 држави во светот.
„Со огромна тага информираме за смртта на нашата прекрасна, динамична и единствена мајка Џеки Колинс, којашто денеска почина од рак на дојката“, се истакнува во изјавата на семејството. „Беше вистинска инспирација, креативна сили којашто го пробиваше патот за другите писателки. Ќе продолжи да живее низ своите ликови, но веќе неискажливо ни недостига“, се додава.
Родена 1937 година во Велика Британија, Џеки Колинс се прослави со серијата книги за Холивуд, Нејзиниот дебитантски роман „Светот е полн со оженети мажи“, беше нарекуван „валкан и одвратен“ од страна на другата позната британска писателка Барбара Картленд а беше и забранет во Австралија. Сепак нејзините книги постигнаа вртоглави тиражи, а некои беа и екранизирани, како „Холивудските жени“, „Среќа“, „Леди Бос“.
OhridNews