Познатиот српски и југословенски музичар Корнелијe Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград. Ковач беше пијанист и аранжер, а компонираше музика и за театар, филмови, телевизија и бројни популарни музичари и ансамбли.

Тој беше текстописец, композитор, продуцент, во областа на жанровите прогресивен рок, симфониски рок, џез-рок и класична музика.

Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја составил на 14-годишна возраст – во 1956 година. Станал член на популарниот сараевски рок-бенд „Индекси“ во 1966, а во 1968 година се преселил во Белград. Таму ја основал „Корни групата“, што 1974 година ја претставуваше Југославија на Евровизија.

Соработуваше со Здравко Чолиќ, Мики Јевремовиќ, Лепа Брена, Неда Украден, Маја Оџаклиевска и многу други познати личности од овие простори.

Познат е по сингловите: „Северни ветар / Океан“ (1975), „Панорама / Александра“ (1978), „Квар / Жена“ (1979), како и албумите „Измеѓу светлости и таме“ (1977), „Why“ (1980), „Из другог филма“ (1982 – филмска музика), „Самплд мунлајт“ (The Sampled Moonlight“ 986), „Балкан“ (1993), „Корнелије Ковач“ (1994), „Moja генерација“ (1996).

OhridNews
Фото: Миа