Композиторот и еден од најценетите рок клавијатуристи на подрачјето на бивша Југославија, некогашниот член на групите „Смак“ и „Бело Дугме“, Лаза Ристовски почина вчера рано изутрината во Белград  по долга и тешка болест во 51-та година од животот.


замина легендарниот Лаза Ристовски

Ристовски кој последните години беше прикован за инвалидска количка, починал вчера изутрината околу 2 часот во својата куќа во Белград, во кругот на семејството и пријателите, потврдил Илија Јовановиќ, менаџер на неговиот последен музички проект „Лаза и пријателите“.
Роден е во Нови Пазар а со музика почнал да се занимава од 14-тата година свирејќи во крагуевачката група „Безимени“. Сериозната кариера на рок музичар ја почнал во групата „Смак“ во 1975 година, со која го снимил и првиот албум а потоа и неколку синглови.

Преминувањето на Лаза Ристовски од крагуевачкиот „Смак“ во конкурентската сараевска група „Бело дугме“ во 1976 година тогашната југословенска јавност гопроследила со огромен публицитет, како фудбалски трансфер.

Погребот на Лаза Ристовски ќе биде во среда, на 10 октомври, во Белград. 

Јасмина Т. Момироска