Во 67-та година од животот, утрово во болницата „Ребро“ во Загреб почина познатиот пејач Кемал Монтено, јави порталот „Индекс“, повикувајќи се на информации од „Кроација Рекордс“. Тој боледуваше од дијабетес и имаше проблеми со срцето.

Кемал Монтено е роден во Сараево во 1948 година, каде ја започнува својата богата музичка кариера во средината на шеесеттите години од минатиот век. Љубител е тамошната фестивалската публика. Тој ги испеа најубавите шансони за БиХ и родниот град „Сарајево љубави моја“ – 1976 и „Земјо моја“ – 1977г.. Неговата музика станува популарна во цела поранешна Југославија.

Беше исклучително почитуван кај колегите со кои во 1990-те сними голем број дуети и хитови кои се актуелни до денес. Соработуваше со Арсен Дедеиќ, Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Тереза Кесовија, Габи Новак, Неда Украден, Мајир Палош, Исмета Крвавац, а во дует пееше уште и со Раде Шербеџија, Борис Новковиќ, Даниела, Маја Оџаклиевска…

OhridNews
извор:”Index.hr”