На возраст од осумдесет и девет години, денес, во белградскиот Ургентен центар, почина Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.Јованка Броз починала во белградскиот Ургентен центар, каде што беше примена во август, поради сериозните здравствени проблеми.
Јованка Будисављевиќ Броз, родена на 7 декември 1924 година, беше вдовицата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, со кој беше во брак од 1952 година до неговата смрт, во 1980 година.Имаше чин потполковник на ЈНА. По смртта на Тито, таа живееше во релативна сиромаштија во Белград. Повеќето мислеа дека причина за тоа се големите проблеми низ кои помина од смртта на сопругот кога целиот имот беше национализиран и кога беше ставена во куќен притвор.
Речиси никој не знаеше дека е болна се додека не и се слоши и беше пренесена во болница. Лекарите установија дека има рак и се бореа да и го спасат животот.
Непосредно пред својата смрт таа ја изрази својата желба да биде закопана покрај својот поранешен сопруг, а подоцна беше и соопштено дека Владата на Србија ќе ја исполни оваа нејзина желба.
OhridNews
извор: Макфакс