Првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп почина на 73 години, соопшти нејзиното семејство.

Нашата мајка беше неверојатна жена. Силна во бизнисот, атлета од светска класа, зрачеше со убавина, а беше грижлива мајка и пријателка, изјави семејството Трамп во изјава за „Еј-Би-Си Њуз“.

Тие наведуваат дека била борец, побегнала од комунизмот и ја прифатила Америка.

Таа ги научи своите деца за храброст, цврстина, сочувство и решителност. Ќе им недостигна на нејзината мајка, нејзините деца, внуците, соопшти семејството.

Ивана е првата сопруга на Доналд Трамп, со кого имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

Ивана Зелничкова која растеше во поранешна Чехословачка, се омажи за Доналд во 1977 година, од кого се разведе во 1992 година.

OhridNews