Вчера ненадејно почина историчарот на уметност и кустос Никола Целакоски.

Целакоски својата кариера долги години ја градеше во Националната установа Завод и Музеј Охрид. Беше неуморен колекционер на културно –  историското богатство на македонскиот народ, вклучително и на значајни документи од поблиското и подалечното минато, реликвии и друго. Учествувал во реализација на значајни проекти, а меѓу последните на кои активно работеше беше истражувањето на подводните депоа со оружје во Охридското Езеро.

Со смртта на Целакоски охридскиот Завод и Музеј загуби вреден и посветен стручњак.

OhridNews