Како што пренесе хрватката агенција Хина, Прегл починал вчера во Љубљана на 64 годишна возраст по долго и тешко боледување.
Прегл беше потпретседател во југословенската влада во времето на Анте Марковиќ, а оставка поднесе по прогласувањето на независноста на Словенија и по нападот на тогашната ЈНА кон крајот на јуни.
Прегл тогаш се врати во Љубљана и изјави дека е шокиран од однесувањето на војската и негираше дека југословенката влада ја одобрила воената интервенција.
Прегл во 1992 до 1995 година беше на чело на „Меркатор“ кој подоцна стана најсилниот словенечки трговски синџир.
Анте Марковиќ почина вчера рано изутрината во Загреб на 87 годишна возраст.
извор:„Макфакс“