Милвина Дин, последниот преживеан патник на Титаник починала во Англија на 97-годичшна возраст. Потонувањето на најголемиот брод го преживеале 706 луѓе, меѓу кои и Милвина, тогаш само двомесечно бебе. Трагедијата ја преживеале нејзината мајка и брат, но не и нејзиниот татко кој бил еден од 1517 настрадани патници.
Милвина минатата година морала да ги продаде скапоцените предмети и спомени од Титаник за да може да го плати сместувањето во домот. Титаник на своето прво и последно патување потонал после само 4 дена на пат кон Њујорк.