На 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Кол беше канцелар од 1982 до 1998 година, a во историјата ќе остане запаметен како големиот обединувач на Германија, јавува „Макфакс“.

Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на двете Германии, поделени по Втората светска војна, и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марката.

Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија – четири последователни мандати.

Кол беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка од 2008 година.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го оцени Кол како „најголемиот европски лидер од втората половина на 20-тиот век“.

OhridNews