Утрово ненадејно во 48-та година од животот почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

Како што неофицијално дознаваме причина за смртта е масивен инфаркт.

Проф. д-р Јован Стојаноски е роден во Охрид, на 07.08.1970 година. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Во 1999 станува Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Стојаноски е долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Беше носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013 – 2017, а во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Беше оженет и татко на две деца.

OhridNews