Под сеуште неразјаснети околности во 45 година од животот денеска во Загреб почина познатиот хрватски пејач Дино Дворник, јавија хрватските медиуми.

Дино Дворник на музичката сцена се појави во 1988 година на Загреб фест каде со песната „Теби припадам“  ја освои наградата за најдобар дебитант. Во 1996 година ја освои наградата „Порин“ за песната „Африка“, а еден од неговите најголеми хитови беше песната „Зашто правиш слона од мене“.

Дино Дворник беше оженет  со Данијела Куљиш, со која ја има ќерката Ела.

ohridnews