Глумецот Џон Рајли, можеби најпознат по своите улоги во сапунските ТВ-серии, почина на 84-годишна возраст. Тажната вест ја соопшти неговата ќерка Кејтлин на Инстаграм.

Причината за смртта не е соопштена.

Рајли глумеше во сериите „Далас“, „Булевар за зајдисонцето“, „Беверли Хилс“, „Општа болница“, една епизода од „Мелроуз Плејс“ и многу други телевизиски и филмски остварувања.

OhridNews