Поранешниот напаѓач на Баерн и германската репрезентација Герд Милер почина денес на 75-годишна возраст, соопшти прес -службата на клубот од Минхен. Причината за смртта не е објавена, а Милер во последните години страдаше од Алцхајмерова болест.
Милер беше светски шампион и европски шампион, трикратен победник на Купот на европските шампиони (сегашна Лига на шампиони), четирикратен шампион и победник на Купот на Германија.
Има постигнато 566 гола на 607 настапи за Баерн Минхен, како и 68 голови во 62 репрезентативни натпревари. Милер ќе остане запаметен како најдобар стрелец во историјата на Баерн и Бундеслигата.
OhridNews